ЈУ-КА ваш партнер во Македонија

Компанија за менаџирање на производство на облека

Почитувани посетители,

Ви благодариме што ја посетивте нашата страница.

За нас

ДПТУ ЈУ-КА ДООЕЛ од Велес е основана во 2001 и се базира на 100% приватен капитал. Нашата фирма поседува два погона во Велес и Свети Николе со вкупно 300 искусни работници, опремени со најсовремен машински парк. ЈУ-КА е позната фирма на домашниот и странскиот пазар за производство на заштитна и работна облека, како униформи за војска и полиција, програм за железници и пошти, како и швајцуван програм. Нашата препознатливост е швајц програмот, каде имаме 4 машини за швајцување од моделите на Gore-Tex и Pfaff. Нашите вработени се директно обучени од Gore-Tex техничари за швајцување на сите видови непропустливи материјали.

Ние ги следиме најновите технологии за производство на заштитна облека, постојано го зголемуваме и усовршуваме машинскиот парк и правиме постојани обуки и доквалификации на нашите вработени. Нашата фирма ги поседува следниве сертификати: ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, OHSAS 18001:2007, STeP by OEKO-TEX®

Ние поседуваме царинска дозвола за увоз и извоз, што многу ја олеснува работата со нашите купувачи , бидејќи сме во директен контакт со нив.

Нашата мисија е зацврстување на односите со нашите постоечки странски партнери како и стекнување на нови клиенти за соработка со што ќе се зголеми обемот на работа. Градиме традиција за највисоко ниво на квалитет на нашите производи и навремена и безбедна испорака до саканата цел.

Наша визија е формирање на сопствен брендиран производ.

Наши продукти

  • За извоз најчесто работиме по систем на лон производство, односно изготвуваме производи по готови лиценцирани и дизајнирани производи, дирекно за странскиот нарачател.
  • Преку полу-лон системот, набавката на помошните материјали, копчиња, патенти, конец, кеси и слично е наша обврска.
  • Производство на мали и големи серии.
  • Најзастапени сме на германскиот и швајцарскиот пазар.
  • Сите останати текстилни производи ги произведуваме во производствените погони на нашите кооперанти.


Наши продукти:

Швајц (лепен) програм, Јакни, Панталони, Елеци, Оверали, Бермуди, Ташни

Галерија ЈУ-КА


Услуги

CAD Услуги

  • Имаме AccuMarc систем. Софтверско конвертирање помеѓу разни типови на системи.
  • Дигитализација на базни шаблони
  • Конструкција и градирање на шаблони
  • Изработка и печатење на кројни ленти

ВЕЗЕЊЕ

  • Везење со Ваши репроматеријали и Ваш програм
  • Везење со наши репроматеријали
  • Изгорување на програма за везење

ЕТИКЕТИ

  • Изработка и печатење на сите видови етикети

Сертификати

Контактирајте не


ДПТУ ЈУ-КА ДООЕЛ

Ул: Вардарска бр 40

П.ФАХ 90

1400, Велес

office@juka.mk

+389 43 222079





Барате работа?
Јавете се или испратете CV на следната е-маил адреса: office@juka.mk
s